Италија и Туркије се први на табелата по број на освоени медали на Медитеранските игри 2022 година и се единствените две држави со над 100 медали.
Италија има вкупно 159 медали, 48 златни, 50 сребрени и 61 бронзени медали, а по неа е Туркије со 108 медали, доволни да биде на второто место.
Турција освои 45 златни, 26 сребрени и 37 бронзени медали на Игрите, кои започнаа на 25 јуни во Оран во Алжир. Туркије е на второто место по трет пат по Медитеранските игри во Наполи во 1963 година и во Мерсин во 2013 година.
Франција е трета со 81 медали вкупно од кои 21 златен, 24 сребрени и 36 бронзени медали.
Медитеранските игри во 2022 година официјално завршуваат денеска со церемонијата на затворање на игрите.
AA