Туркије сега е прва во групата „Д“ со 13 бодови, пред Хрватска со десет бодови / Photo: AA

Низ Стариот континент вчера се одиграа осум квалификациски натпревари за ЕП 2024 година што ќе се одржи во Германија.

Во групата „А“ Грчката администрација на Јужен Кипар на домашен терен загуби од Норвешка со резултат 0:4 и два гола на Халанд, додека во вториот натпревар во истата група Шпанија на домашен терен беше подобра од Шкотска. Резултатот беше 2:0.

Шкотите одиграа одлично во Севиља и покрај повредата на Енди Робинсон во финишот на полувремето, a постигнаа гол преку Мектомини во 60. минута, но ВАР покажа дека имало прекршок.

Шпанија го искористи овој момент и во следните минути поведе со голот на Алваро Мората, а Сансет во финишот го постави конечниот резултат.

Во групата „Д“ Летонија победи против гостите од Ерменија, а домаќините славеа со резултат 2:0. Во истата група, хрватската репрезентација беше поразена на домашен терен од селекцијата на Туркије. Гостите со минимална победа од 1:0 стигнаа до првото место во групата.

Екипата на Туркије за првпат од клупата ја предводеше новиот тренер, италијанскиот стручњак Винченцо Монтела. Гостите подобро го отворија натпреварот, а веќе во втората минута по ударот на Керем Актуркоглу од врвот на шеснаесетникот, мрежата на Хрватска ја сочува Доминик Ливаковиќ.

Во 9. минута, по додавањата на Јилмаз, Актуркогла го доведе Ливаковиќ уште еднаш во неволја . Истиот играч се најде пред Ливаковиќ во 13. минута, но поуспешен беше хрватскиот голман.

Јилмаз ја доведе Туркије во водство во 30. минута од натпреварот, што беше резултат на првото полувреме. На почетокот на вториот дел турската селекција одговори на иницијативата на Хрватска со неколку контранапади, а потенцијална прилика пропушти Јилмаз во 54. минута, чиј силен удар од шеснаесетникот заврши над голот на Ливаковиќ.

Во 80. минута Дион Дрена Бељо имаше шанса за изедначување, а за Хрватска беше досуден пенал во 90. минута. Сепак, беше поништен со интервенција на ВАР.

Туркије сега е на првата позиција во групата „Д“ со 13 бодови, пред Хрватскасо десет освоени бодови и натпревар помалку.

Два натпревари се одиграа и во групата „Е“, каде Албанија на домашен терен славеше со 3:0 против Чешка. Во вториот натпревар, Фарски Острови беа поразени од гостинската селекција на Полска со резултат 0:2.

Албанија е речиси сигурен патник на ЕП и лидер во групата Е, со четири бода повеќе и подобар меѓусебен скор од Полска.

Во групата „И“ Андора на домашен терен беше поразена од репрезентацијата на Косово со резултат 0:3, додека Белорусија и Романија ги поделија бодовите откако мечот заврши без голови.

Во истата група требаше да се одигра натпреварот меѓу Израел и Швајцарија, но овој натпревар беше откажан поради вооружени конфликти во Израел.

За денеска се закажани уште седум квалификациски натпревари за ЕУРО 2024 година.

AA
Популарни