Познати се сите учесници на Европското првенство во фудбал кое ќе се одржи идната година во Германија.
Шкотска, Холандија, Италија, Хрватска, Чешка, Австрија, Србија, Словенија, Швајцарија и Словачка го обезбедија пласманот на ЕУРО 2024 завршувајќи на второто место во групите.
Најинтересно беше во групата Д, каде Туркије веќе беше квалификувана на ЕП, но не се знаеше од која позиција и вториот патник на ЕУРО од групата.
Туркије ремизираше 1:1 со Велс.
Иако прецизниот низок удар на Вилијамс во седмата минута му донесе рано водство на домаќинотна стадионот во Кардиф, Велс не успеа да победи.
Израмнувачкиот гол на Јусуф Јазичи од пенал во 70. минута ги сруши квалификациските соништа на Велс и го отвори патот за Туркије да ја освои групата Д со 17 бода.
Хрватска, која ја совлада Ерменија со 1:0 истиот ден, го запечати второт место со 16 бодови во групата Д.
Турција ќе учествува на ждрепките за ЕУРО 2024 од ложата 2.
За преостанатите три места на ЕУРО 2024 година ќе се борат 12 екипи преку плеј-офот и натпреварите од Лига на Нациите.
Извлекувањето на групите за ЕП ќе се одржи на 2 декември, а ќе има четири шешири со по шест екипи:
Прв шешир: Германија, Португалија, Франција, Белгија, Шпанија, Англија
Втор шешир: Унгарија, Турција, Данска, Албанија, Романија, Австрија
Трет шешир: Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка
Четврти шешир: Италија, Србија, Швајцарија, Плејоф 1, Плејоф 2, Плејоф 3