Првата фаза на продажбата на влезниците за Европското фудбалско првенство 2024, чиј домаќин ќе биде Германија од 14 јуни до 14 јули, започнува денес, објави УЕФА на својата официјална веб-страница.
До 26 октомври, до кога трае првата фаза, ќе бидат 1,2 милиони влезници. Исто така, во првата фаза ќе биде достапен најголемиот број влезици кои ќе можат да ги купат германските навивачи бидејќи единствено за таа фаза на натпреварување е јасно кога и каде ќе игра домашната репрезентација.
Точните термини на останатите натпревари ќе бидат познати дури по 2 декември кога ќе се одржи ждрепката во Хамбург. Квалификациите се уште траат и се уште ниту една репрезентација не се пласирала на континенталното првенство.
Секој навивач може да се бори за четири тикети до 26 октомври, а датумот на купување не е важен, бидејќи бројот на купувачите ќе се одредува со лотарија во случај на зголемен интерес. Единствената пречка за купување е географската.
Поединечен навивач може да купи максимум еден билет за еден натпревар бидејќи, според организаторите, растојанијата меѓу стадионите се преголеми за да се видат два меча. Цените се движат од 30 евра за билети за натпреварите од групната фаза, до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин.
Оние кои ќе бидат неуспешни во своето пријавување во оваа фаза од лотаријата автоматски ќе бидат внесени во програмата „Прво навивачите“(„Fans First“). Тие навивачи ќе бидат првите кои ќе бидат известени за новите достапни билети за УЕФА ЕУРО 2024. Навивачите во групата „Прво навивачи“ ќе имаат приоритет да купат билети кои поради некоја причина не беа продадени во првата фаза.
Овие билети нема да се печатат на хартија, исто како на последното Светско првенство во Катар, бидејќи организаторите сакаат да избегнат фалсификати и непотребни гужви на влезот.