Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди кој настапува за шпанскиот клуб Леванте, пристигна во турскиот град Трабзон за преговори за негов трансфер во фудбалскиот клуб Трабзонспор.
По пристигнувањето во аеродромот на градот во северозападниот дел на Туркије, 27-годишниот играч од средниот ред во изјавата за новинарите го изрази своето задоволство што е во овој град. Тој рече дека остануваат одредени процедури за негов трансфер во клубот.
„Потоа останува да се претставам пред моите соиграчи и мојот тренер. За мене е голема чест што сум дел од шампионски клуб. Ова е нешто што долго го чекав, да играм во Лигата на шампионите и да ја добијам оваа шанса. Тоа е голем извор на мотивација за мене“, рече Барди.
Енис Барди потоа во придружба на клупските челници влезе во клупските простории.
Репрезентативецот на Северна Македонија постигна 23 гола и 13 асистенции во 148 натпревари во шпанската лига со тимот на Леванте. За репрезентацијата на Северна Македонија има постигнато 9 гола на 44 натпревари.