Заедничката кандидатура на Велика Британија и Ирска останаа без конкуренција за домаќин на ЕУРО 2028 година / Photo: AA

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека ја разгледува кандидатурата што заеднички ја поднесоа Република Туркије и Италија за домаќини на Европското фудбалско првенство во 2032 година.

Во соопштението се наведува дека УЕФА го прифатила барањето на Туркије да се повлече од кандидатурата за организација на ЕП во 2028 година и дека го разгледува нејзиното барањеза заедничка организација со Италија на ЕУРО 2032 година.

По повлекувањето на Туркије, заедничката кандидатура на Велика Британија и Република Ирска остана без конкуренција за домаќин на ЕУРО 2028 година. На 10 октомври во Нион, Швајцарија, Управниот одбор на УЕФА ќе одлучува за домаќинот на Европското првенство во 2028 година и за конечните кандидати за ЕУРО 2032 година.

Туркије, исто така, претходно аплицираше за ЕУРО 2028, но Фудбалскиот сојуз на земјата соопшти дека ќе се повлече доколку биде прифатена нејзината заедничка понуда со Италија за ЕУРО 2032 година.

AA
Популарни