Отворањето на игрите кои за првпат се организираат во Туркије      Фото: АА

Над 4.000 спортисти од 56 земји годинава учествуваат на 5. Игри на исламска солидарност кои до 18 август се одржуваат во централната турска област Конја. Игрите кои се организираат по петти пат имаат за цел да ја зајакнат солидарноста, интеркултурниот дијалог и да помогнат да се намали дискриминацијата.

„По повод 5. Игри на исламска солидарност, им посакувам добредојде на сите учесници од различни делови на исламскиот свет кои ја посетуваат нашата земја и посакувам успех на секој наш спортист.“, рече Реџеп Таип Ердоган, претседател на Туркије.

„Ги поканувам сите љубители на спортот, особено нашата младина, на овој прекрасен настан во Конја“, напиша Ердоган на Твитер.

На отворањето на игрите кои за првпат се организираат во Туркије Ердоган рече:

„Честитам на сите кои придонесоа за тоа во мое и во име на мојата нација. Среќно!“, рече Ердоган на свеченото отворање.

Туркије со 461 спортист

Спортистите и екипите ќе се натпреваруваат во 24 дисциплини. Туркије учествува на игрите со 461 спортист во сите дисциплини. Годинава се предвидени околу 355 медали за спортистите.

За првпат Игрите на муслиманска солидарност се одржаа во Саудиска Арабија во 2005 година. Потоа се одржаа во Иран, па во Индонезија и последен пат во Азербејџан во 2017 година. Игрите во Туркије првично беа закажани за 2021 година, но беа одложени поради ограничувањата кои произлегоа од пандемијата со Ковид-19.

Дијалог меѓу земјите

Говорејќи на церемонијата на отворањето, Хисеин Брахим Таха, генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка, се заблагодари на Туркије за организацијата на настанот.

Таха рече дека е важно исламските земји да се приклучат во организации кои овозможуваат зајакнување на интеркултурниот дијалог.

Министерот за спорт на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Турки ал Фејсал, кој е и челник на Унијата на арапски национални олимписки комитети, ја поздрави организацијата и му се заблагодари на Ердоган и на турскиот народ за реализацијата.

Турскиот министер за млади и спорт, Мехмет Мухарем Касапоглу, рече дека Конија ќе биде домаќин на „спортски фестивал“ на кој ќе бидат претставени спортот и братството.

Касапоглу додаде дека меѓународните спортски активности придонесуваат за развој на братството меѓу земјите.

На церемонијата, меѓу останатите, присуствуваа и премиерот на Албанија, Еди Рама, палестинскиот премиер Мухамед Штајех и премиерот на Алжир, Ејмен бин Абдурахман.

TRT Balkan / агенции
Популарни