Фудбалерите на шпанскиот клуб Реал Мадрид победници се на европскиот Суперкуп на УЕФА, откако во Хелсинки го совладаа германскиот Ајнтрахт од Франкфурт со резултат 2:0.
Во листата на стрелците за победникот на Лигата на шампионите во мечот против победникот на Европската лига, се запишаа Давид Алаба во 37 минута и Карим Бензема во 65 минута.
Со голот во финалето од Суперкупот, напаѓачот Бензема го надмина рекордот на Раул и со 324 постигнати голови стана втор стрелец во историјата на клубот, по Кристијано Роландо кој има постигнало 450 голови за Реал.
Реал и Ајнтрахт играа првпат по 62 години и натпреварот од 1960 година кога играа во финалето на Купот на националните прваци во Глазгов. Тогаш Реал славеше со резултат 7:3.
На германскиот клуб ова му беше прв настап во Суперкупот, а Реал од Мадрид за титулата во овој куп се бореше осми пат.
На „кралевите“ ова им е петта титула во Суперкупот, со што се изедначуваат со Милан и Барселона.
Реал Мадрид е рекордер по бројот на титули во Лигата на шампионите со освоени 14 титутли.