Поранешниот тренер на Челзи, Маурисио Покетино, и официјално е назначен за нов селектор на репрезентацијата на САД.
Домаќинот на следното Светско првенство, заедно со Канада и Мексико, се одлучи за звучно име на својата клупа откако беа елиминирани уште во групната фаза на Копа Америка.
„Тука сакам да постигнам нешто историско, тоа е она што ме инспирираше. Гледам група фудбалери со талент и потенцијал, а заедно ќе изградиме нешто посебно на што ќе се гордее цела нација“, рече Покетино на презентацијата.
Аргентинецот на клупата на САД ќе дебитира следниот месец, на пријателските дуели против Панама и Мексико.
Освен во Челзи, Покетино беше тренер и во Еспањол, Саутемптон, Тотенхем и ПСЖ.
TRT Balkan / агенции