Домаќинот на летните Олимписки игри 2028 година, Лос Анџелес, го одреди датумот на одржување на овој најголем спортски настан. Лос Анџелес во САД ќе биде домаќин на светските спортисти од 14 до 30 јули 2028 година.
Споменатите датуми ги потврди градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарсети на прес-конференција. Свечената церемонија на отворање на Игрите ќе се одржи на 14 јули на СоФи стадионот, а истиот град ќе биде домаќин на Параолимписките игри на 15 август.
„Објавата на датумот на одржување на Игрите, сега на градот Лос Анџелес му дава цврст рок до кога ќе мора да биде подготвен за најголемиот спортски настан“, изјави Никол Ховерц, извршната директорка на Меѓународниот олимписки одбор (МОК).
Без големи вложувања во нови спортски објекти
Но, во Лос Анџелес не планираат голема изградба на нови спортски објекти туку ќе се обидат максимално да ги намалат вкупните трошоци и ќе се искористи постоечката инфраструктура. Проектираниот буџет за Игрите е околу 6,8 милијарди евра.
Лос Анџелес досега двапати беше домаќин на летните Олимписки игри и тоа во 1932 и во 1984 година.
До Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, домаќин на Игрите ќе биде Париз во 2024 година. Во француската престолнина Игрите ќе бидат одржани од 26 јули до 11 август 2024 година.