По два одиграни натпревари Велс има освоено само еден бод     Фото:  Ројтерс / Photo: Reuters

Десеттиот ден од Светското првенство во Катар носи четири натпревари од третото коло во групите А и Б. Овие дуели ќе го дадат одговорот на прашањето за патниците во следната фаза од Мундијалот од овие групи.

Во групата репрезентацијата на Еквадор од 16:00 часот ќе се сретне со селекцијата на Сенегал на стадионот „Калифа“. Вториот натпревар во групата, се игра во исто време, на стадионот „Ел Бајт“. Силите ќе ги одмерат селекциите на Холандија и Катар.

По две кола во групата А, Холандија и Еквадор го делат првото место со четири бода, трет е Сенегал со три бода, додека домаќинот Катар е последен без бодови.

Во групата Б во првиот натпревар од третото коло од 20:00 часот на стадионот „Ел Тумама“ се среќаваат селекциите на Иран и САД. Вториот натпревар во групата, во исто време, на стадионот „Ахмад бин Али“ ќе го одиграат Велс и Англија.

По две одиграни кола во групата Б, Англија е прва со четири освоени бода, Иран е втор со три бода, САД се трети со два, а Велс е последен со еден освоен бод.

TRT Balkan / агенции
Популарни