Фудбалерите на Аргентина се првите финалисти на овогодинешното издание на Копа Америка, откако бранителот на титулата го совлада дебитантот Канада со 2:0 (1:0) во полуфиналето во Њу Џерси, САД.
Хулијан Алварез (22) ја доведе Аргентина во водство на средината на првиот дел, а капитенот Лионел Меси (51) на почетокот на вториот дел зголеми на 2:0.
За Меси ова е прв гол на овогодинешниот Копа, а вкупно 14-ти во кариерата на првенствата на Јужна Америка.
Истовремено Меси го постигна својот вкупно 109-ти гол за националниот тим (во 186 настапи) и на крајот беше прогласен за играч на натпреварот.
Меси сега е втор на вечната листа на стрелци, само Кристијано Роналдо (130 во 212 натпревари) има постигнато повеќе голови за репрезентацијата од него, додека пензионираниот ирански фудбалски великан Али Даеи (108 на 148 натпревари) сега е на третото место.
Интересно, на отворањето на ова натпреварување на 20 јуни во Атланта се сретнаа и Аргентина и Канада, а и тогаш беше 2:0 за Аргентина.
Аргентина, која е и актуелен светски шампион од Катар 2022 година, во недела ќе има можност да ја освои третата последователна титула победник на големите натпреварувања на кои учествува( по претходната Копа Америка и Светското првенство во Катар), а противник во финалето кое ќе се игра во Мајами, ќе биде подобриот од натпреварот Колумбија и Уругвај, кои се игра во среда навечер во Шарлот.
Ако Аргентина успее да го добие овој натпревар ќе стане апсолутен рекорд на ова натпреварување со 16 освоени титули. Уругвај исто така има 15, а на третото место со девет титули е Бразил, кој во четврт-финалето беше елиминиран од Уругвај.
Инаку, уште еден легендарен аргентински ветеран - Анхел Ди Марија (36) во финалето ќе се прости од репрезентацијата.