Нигерија по изведувањето на пенали ја совлада Јужноафриканската Република со вкупен резултат 5:3 / Photo: Reuters

Репрезентациите на Брегот на Слоновата Коска и Нигерија ќе играат во финалето на Африканскиот куп на нации.

Во полуфиналниот натпревар против Демократска Република Конго, домаќинот на турнирот Брегот на Слоновата Коска победија со минимални 1:0, а до победата ги предводеше Себастиен Халер, напаѓачот на Борусија Дортмунд.

Натпреварот без многу шанси на двете страни го реши Халер со гол во 65. минута, кога со високо крената нога зафати центаршут од десната страна, а топката невообичаено се одби од тревата и заврши зад голманот на Конго.

Тоа беше голем момент за Халер, кој се врати на теренот во февруари 2023 година по долга битка со ракот. Напаѓачот беше подложен на две операции и четири хемотерапии, а при враќањето во тимот на Борусија постигна и гол. Сега ја одведе својата селекција до финалето.

Брегот на Слоновата Коска ја освои титулата во 1992 и 2015 година, а беа второпласирани во 2006 и 2012 година.

Нигерија, пак, која по изведувањето на пенали ја совлада Јужноафриканската Република со вкупен резултат 5-3.

По 90 минути Нигерија и ЈАР одиграа 1-1, а тој резултат остана и по 120 минути.

Нигерија поведе во 67. минута кога Труст-Еконг реализираше пенал.

Неверојатна ситуација се случи во 85. минута кога по опасната ситуација во шеснаесетникот на Нигерија, дојде до контранапад, кој Осимхен го круниса со гол од непосредна близина за 2-0.

Сепак, реагираше ВАР и судијата по прегледување на снимката утврди дека во шеснаесетникот на Нигерија имало прекршок врз Јусуф. Голот на Осимхен беше поништен, а Мокоена реализираше пенал за 1-1 во 90. минута.

Следеше продолжението на драмата со изведување на пенали, каде ЈАР влезе како фаворит бидејќи во полуфиналето во пенал-рулетот ги победија Зеленортските Острови, а јужноафриканскиот голман одбрани четири пенали.

Сепак, Мокоена и Макгопа не го реализираа пеналите за Јужноафриканската Република, а голот за финале за Нигерија го постигна Ихеаначо.

Нигерија по осми пат во својата историја се пласираше во финалето на континенталниот шампионат, кој го освојуваше трипати, последен пат во 2013 година.

Натпреварот за третото место е закажан за в сабота од 21 часот, додека во истиот термин ќе се игра и финалето, ден подоцна.

TRT Balkan / агенции
Популарни