Манчестер Сити е најдобар машки, а Барселона ја доби наградата за најдобар женски клуб на годината / Photo: AA

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36), кој моментално настапува за американскиот Интер Мајами, по осми пат во кариерата ја освои Златната топка, највисоката индивидуална награда во фудбалот, која се доделува на најдобриот светски фудбалер во изборот на францускиот магазин „Франс фудбал“.

Во француската престолнина Париз се одржа 67. доделување на Златната топка, а Меси е избран за најдобар фудбалер на светот пред Норвежанецот Ерлинг Халанд кој игра во Манчестер Сити и Килијан Мбапе од Париз Сен Жермен.

Вкупно 30 фудбалери се најдоа на листата номинирани за наградата Златна топка.

Ајтана Бонмати, фудбалерката на Барселона и репрезентативка на Шпанија е добитничка на Златната топка во женска фудбалска конкуренција.

Халанд го освои трофејот „Герт Милер“, наменет за најдобриот напаѓач на годината. Неговиот тим Манчестер Сити е најдобар клуб на годината, а Барселона ја доби наградата за најдобар женски клуб на годината.

Емилијано Мартинез, голманот на Астон Вила и аргентинската репрезентација го освои трофејот „Јашин“, наменет за најдобар голман на годината.

Трофејот „Копа“ за најдобар млад играч му припадна на Џуд Белингем, фудбалер на Реал Мадрид.

„Златната топка“ е индивидуална годишна фудбалска награда што ја доделува францускиот магазин „Франс Фудбал“.

Се доделува од 1956 година, иако од 2010 до 2015 година, по договор со ФИФА, беше споена со наградата ФИФА за играч на годината.

Сепак, партнерството заврши во 2016 година и наградата пак премина на „Златната топка“, при што ФИФА исто така се врати на својата посебна годишна награда.

AA
Популарни