Фудбалерот на Реал Мадрид и на француската репрезентација Карим Бензема е добитник на „Златната топка“ (Ballon d’Or), годишната награда за најдобар фудбалер на светот што ја доделува францускиот магазин „Франс фудбал“ (France Football).     Фото: АП

Фудбалерот на Реал Мадрид и на француската репрезентација Карим Бензема е добитник на „Златната топка“ (Ballon d’Or), годишната награда за најдобар фудбалер на светот што ја доделува францускиот магазин „Франс фудбал“ (France Football).

Церемонијата на 66. Доделување на „Златната топка“ одржана е во парискиот театар Шатле, а наградата ја доби најголемиот фаворит Бензема, кој со Реал Мадрид минатата сезона ја освои Лигата на шампионите и шпанската Ла Лига.

Беше најдобар стрелец и играч на Реал Мадрид во борбата за титулите првак на Европа и Шпанија со 50 постигнати голови во сезоната, од кои 15 во Лигата на шампионите.

Наградата му ја додели Зинедин Зидан. Бензема зад себе го остави второпласираниот Кевин де Бројне (Манчестер Сити) и Садио Мане (Баерн Минхен/Ливерпул).

Фудбалерката на Барселона и репрезентативката на Шпанија, Алексиа Путелас ја освои Златната топка за најдобра фудбалерка на светот.

Играчот на Баерн и репрезентативецот на Сенегал Садио Мане, добитник е на наградата

„Сократес“ која оваа година првпат се доделува за општествена посветеност на фудбалерите.

Наградата е наречена по легендата на бразилскиот фудбал Сократес, лекар, филозоф и активист кој почина во 2011 година.

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона, Гави го освои „Трофејот Копа“, кој се доделува на најдобриот млад фудбалер на светот.

Роберт Левандовски, полскиот репрезентативец кој игра за Барселона ја освои наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец на светот. Наградата за најдобар голман ја освои Тибо Куртоа, белгиски репрезентатитивец, голман на Реал Мардид.

За најдобар клуб на светот во изминатата година прогласен е англискиот Манчестер Сити.

Од фудбалерите од регионот, најдобар бил соиграчот на Бензема и репрезентативецот на Хрватска Лука Модриќ кој на крај го зазеде деветтото место на листата најдобри фудбалери во изборот на францускиот весник.

Меси и Кристијано Роналдо по 16 години не влегоа меѓу десетмината најдобри фудбалери во изборот за „Златната топка“.

TRT Balkan / агенции
Популарни