Судијката Стефани Фрапар од Франција      Фото: АА

Како што се приближува стартот на Светското првенство во Катар 2022, така расте и еуфоријата кај вљубениците во овој спорт.

Очите на спортската јавност се вперени во кровната светска куќа на фудбалот - ФИФА (Меѓународна фудбалска федерација) која ги соопштува одлуките што се однесуваат на организацијата на првенството.

Ова Светско првенство нема да биде запаметено само по тоа што за првпат во историјата ќе се игра во текот на зимските месеци, туку по тоа што правдата на мечевите ќе ја делат и женските судии.

ФИФА донесе одлука дека меѓу најдобрите арбитри за Мундијалот кој почнува на 21 ноември и ќе трае до 18 декември ќе се најдат и Стефани Фрапар од Франција, Салима Мукасанга од Руанда и Јошими Јамашита од Јапонија.

Не е важен полот, туку квалитетот на судиите

Покрај трите, кои ќе бидат во улога на главен арбитер, како помошни судии се повикани и Неуза Бек од Бразил, Кетрин Несбит од САД и Карен Дијаз Медина од Мексико.

„Долго работевме на овој процес и конечно успеавме во нашата идеја на едно големо натпреварување во машка конкуренција да имаме и женски арбитри. Со тоа јасно ставивме до знаење дека за нас не е важен полот, туку квалитето на судиите. Тие заслужуваат да бидат на Мундијалот во Матар бидејќи тоа го покажаа со своето знаење и константен напредок“, рече директорот на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

Вкупно за Светското првенство во Катар избрани се 36 главни судии, 69 линиски судии и 24 судии кои натпреварите ќе ги следат од ВАР собата.

TRT Balkan / агенции
Популарни