Расте бројот на вработени во секторот спорт во ЕУ / Photo: Reuters Archive

Бројот на вработени во спортскиот сектор во ЕУ минатата година пораснал за 10,9 отсто, објави Евростат.

Во 2022 година, 1,51 милиони луѓе биле вработени во овој сектор во ЕУ, што претставува 0,8% од вкупната вработеност.

Спортскиот сектор вклучува економски активности и занимања како што се спортски тимови и клубови, тренери, независни спортисти, фитнес центри и активности за промоција и управување со спортски настани.

Меѓу членките на ЕУ, Шведска имаше најголем удел на луѓе кои работат во областа на спортот (1,4% од вкупната вработеност), потоа Финска и Данска ( 1,2%), Шпанија и Франција (и двете по 1,1%).

Спротивно на тоа, најмал удел на вработени во спортот е забележан во Романија (0,2% од вкупната вработеност), Бугарија (0,3%), Полска и Словачка (и двете по 0,4%) и Хрватска и Литванија (и двете од 0,5%).

Во спортскиот сектор во ЕУ се вработени 55 проценти од мажите и 45 проценти од жените, а најголем дел од оние кои се вработени во спортот имало во возрасната група од 30 до 64 години, кои сочинуваат 62 отсто од сите спортски работници.

TRT Balkan / агенции
Популарни