Сенегалскиот фудбалер Садио Мане е прогласен за најдобар фудбалер во Африка за 2022 година. Мане, по втор пат ја добива наградата фудбалер на годината во Африка.
За прв пат фудбалер на годината во Африка беше избран во 2019 година.
Според соопштението на Африканската фудбалска конфедерација (CAF), наградата за фудбалер на годината во Африка е доделен на церемонијата одржана во Рабат, главниот град на Мароко.
Како резултат на гласањето на кое учествуваа тренери и претставници на федерациите од земјите членки, наградата ја доби 30-годишниот Мане, кој летово направи трансфер од Ливерпул во Баерн Минхен.Мане оваа година го освои Африканскиот куп на нации со репрезентацијата на Сенегал, а му помогна на Ливерпул да ја освои Лигата на шампионите на УЕФА, Суперкупот на УЕФА и едно Светско клупско првенство на ФИФА.