Србија: Пожар во Кинескиот трговски центар во Белград / Photo: AA

Утринава избувна пожар во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, пренесува Анадолу.

Според локалните медиуми, на местото на несреќата се испратени 25 противпожарни возила и 76 пожарникари, а во гаснењето на пожарот учествувале и три хеликоптери.

На социјалните мрежи беа објавени видеа од пожарот, пред кој, како што се наведува, се слушнала експлозија.

Според досегашните информации нема повредени.

AA
Популарни