Центарот за координација за извоз на жито се отвора во среда во Истанбул     Фото: АА

Новиот заеднички координативен центар во Истанбул воспоставен како дел од договорот за повторно покренување на извозот на жито од украинските црноморски пристаништа во светот би требало да биде официјално отворен утре на 27 јули, соопшти Министерството за одбрана на Туркије.

Церемонијата на отворање на центарот ќе се одржи на Универзитетот за национална одбрана во Истанбул, а ќе присуствува и турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Во петокот на 22 јули, делегациите на Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа историски договор за обновување на извозот на жито преку украинските пристаништа Одеса, Черноморск и Јужни, по неколкумесечна блокада поради руско-украинскиот конфликт, кој трае веќе шест месеци.

Според договорот, во Истанбул е формиран заеднички координативен центар за да врши инспекции на влезовите и излезите од пристаништата и да ја гарантира безбедноста на рутите.

Турските функционери ја нагласија потребата од повторно покренување на извозот што е можно поскоро, за да се помогне во решавање на глобалната криза со храна.

AA
Популарни