Две лица загинаа, а три се повредени од огнено оружје, двајца од нив полицајци, на просторот пред Судската палата во Истанбул.
На просторот пред истанбулската Палата на правдата во населбата Чаглајан, лице или лица од засега непозната причина пукале од огнено оружје.
Според првичните сознанија, во инцидентот загинале две лица, а три се повредени, двајца од нив полицајци.
По пријавата на случајот голем број полициски и медицински тимови пристигнаа на местото на настанот.
AA