Емине Ердоган истакна дека жената има важна улога на сите полиња / Photo: AA

Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на сите жени во светот им го честиташе 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Емине Ердоган на социјалните мрежи истакна дека жената има важна улога на сите полиња.

„Жените кои влеваат надеж во општеството и оставаат трага на сите полиња се основата на траен и одржлив мир и поправеден свет. Ние гледаме на иднината со надеж благодарение на секој чекор што жените го прават со голема решителност, но и со секоја надмината пречка. На сите жени кои ги предводат промените трансформацијата со сето мое срце им честитам Меѓународниот ден на жената“, рече Ердоган.

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената, како дел од борбата за економска, политичка и социјална еднаквост меѓу жените и мажите.

Меѓународниот ден на жената за прв пат беше прославен на 28 февруари 1909 година во Соединетите Американски Држави врз основа на Декларацијата усвоена од Социјалистичката партија на САД.

Од 1975 година, Обединетите нации (ОН) официјално го слават 8 март како Меѓународен ден на жената.

AA
Популарни