Нашиот електричен автомобил Тогг ќе биде престижен турски бренд     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека првиот домашен електричен автомобил Тогг ќе биде на патиштата во многу земји ширум светот како престижен турски бренд.

Ердоган дене во Гемлик, во областа Бурса во Туркије, присуствуваше на свечената церемонија на отворање на комплексот за сериско производство на турскиот електричен автомобил Тогг, што е еден од поважните визионерски државни мегапроекти.

На свечената церемонија одржана е на националниот празник Денот на Републиката кој Туркије го одбележува на 29 октомври.

Турскиот претседател го спушти од производната лента првиот турски електричен автомобил Тогг, а потоа се обрати пред присутните.

Како што рече во обраќањето, со отворањето на фабриката на електрични автомобили Туркије сведочи на исполнувањето на својот 60-годишен сон.

„Тогг е називот на проектот кој нѐ мотивира сите да уживаме во овој заеднички сон за силна иднина на нашата држава“, рече Ердоган истакнувајќи дека верува оти турскиот автомобил наскоро ќе се најде и на патиштата во другите земји.

„Се надевам дека Тогг ќе се вози на патиштата во многу земји ширум светот како престижен турски бренд“, рече турскиот претседател и додаде:

„Првиот турски електричен автомобил Тогг ќе биде на патиштата во првиот квартал од 2023 година“, истакна Ердоган.

Турски сон за домашен автомобил

Со иницијатива на претседателот Ердоган, турскиот сон за домашен и нацонален автомобил повторно заживеа, а потрагата по инвеститори под водство на Унијата на комори и берзи на Туркије (ТОББ) е завршена за кратко време.

Домашното производство на автомобилот ќе се спроведува под координација на Министерството за индустрија и технологија на Туркије и ТОББ, а Протоколот за соработка за заедничко вложување во автомобилскиот проект го потпишаа на 2 ноември 2017 година компаниите Анадолу Груп, БМЏ, Кираџа Холдин, Туркчел Груп и Зорлу Холдинг.

Кон крајот на 2019 година, утврдена е локација на која ќе биде изградена фабриката, а со присуство на претседателот Ердоган претставени се и карактеристики и прототипи на два модели на турскиот електричен автомобил.

Изградбата на фабричкиот комплекс за производство на електричен автомобил во Гемлик во областа Бурса официјално почна во јули 2020 година на површина од 1,2 милиони метри квадратни.

Новото лого на Тогг е претставено на 18 декември 2021 година. Две стрелки во дизајн на логотип, кои се спојуваат во драгоцен камен во средина, симболизираат спојување на источната и западната култура и истакнуваат дека Тогг е технолошка компанија која ги спојува технологијата и луѓето на раскрсницата денес и утре. Тестирањето на турскиот автомобил Тогг извршено е на лиценцирани писти во Туркије, Шведска и Аргентина, а успехот во таа фаза го отвори патот за свечено отворање на комплексот на фабриката за сериско производство на електричен автомобил кој се издвојува по богати дизајнерски и технолошки карактеристики.

Напредни системи

Опремен со долготрајна батерија, која ја обезбедуваат напредни системи за управување со батерија и системи на активно управување со топлина, автомобилот може да забрза од 0-100 км/ч за помалку од 7,6 секунди со 200 коњски сили и 4,8 секунди со 400 коњски сили.

Со батерија интегрирана во платформа, компатибилна со Euro NCAP нивото од пет ѕвездички, ќе има висока отпорност на удари и 30 отсто поголема отпорност на торзија.

По завршувањето на хомолагациските тестови, првиот автомобил ќе биде лансиран на пазарот кон крајот на првиот квартал од 2023 година. Потоа и другите модели ќе влезат во производствената линија. Во наредните години, со додавањето на B-SUV и C-MPV, ќе биде пополнет асортиманот на Тогг кој се сосстои од пет модели.

Кога комплексот ќе го достигне капацитетот од годишно производство од 175.000 возила, ќе вработува 4.300 луѓе. Тогг планира до 2030 година да произведе милион примероци од возилото.

AA
Популарни