Во секој тим за потрага  и спасување има по неколку специјално обучени кучиња     Фото: AA

Без шепастите херои, специјално тренираните кучиња трагачи и спасувачи, операциите за извлекување на преживеаните од урнатините на катастрофалните земјотреси кои ја погодија Туркије и Сирија би биле значително отежнати.

Речиси сите екипи специјализирани за спасување преживеани од природни катастрофи кои доброволно се упатија кон Туркије вклучуваат и по неколку обучени кучиња во тимот.

Македонскиот тим веќе е на терен     Фото: Армија на Република Северна Македонија Армија на Република Северна Македонија

Таков е примерот и со специјалната единица на македонската армија која испрати две кучиња трагачи кои веќе се на терен во Туркије и помагаат заедно со останатите волонтери во напорите за спасување.

Меѓу првите единици кои се упатија кон кризното подрачје беа тие на Азербејџан, Белорусија, Швајцарија, Чешка, Русија и многу други, а место во тимот секако имаа и за шепастите колеги.

Благодарение на механизмот за одговор на вонредни состојби, од кој Туркије е дел, преку Европската Унија се испратени тимови со 1.185 членови на персоналот, вклучувајќи и 79 кучиња.

Прославениот тим кучиња од Мексико на задача

Во Туркије пристигнаа и светски познатите кучиња спасувачи од Мексико. Тие имаа неверојатна улога по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата во 2017 година.

По големите разрушувања и човечките жртви во Мексико се одржуваат и обуки заедно со сопствениците на кучиња, за во случај на затрупување или елементарна непогода самите миленици да реагираат и да им помогнат да се спасат.

Авион со хуманитарна помош и опрема заедно со 16 кучиња спасувачи, покрај останатите е испратен од аеродромот во Мексико Сити кон Истанбул.

Како „работат“ кучињата“

Ефектот и придонесот на кучињата херои веќе се гледа на дело. Дел од преживеаните се спасени и по неколку дена заглавени под урнатините. Јавен обвинител од Адијаман беше спасен по 42 часа поминати во разрушената зграда благодарение на помошта за пронаоѓање која ја обезбедуваат кучињата од единиците за спасување.

Кучињата се потпираат на нивниот мирис за пронаоѓање преживеани и може да им сигнализираат на тимовите каде е лоцирана жртвата. Потоа се користат и специјална опрема за детекција на звук, топлина и здив на преживеаните.

Скенирањето на погодената област многу побрзо се врши со помош на кучињата спасувачи кога во игра е буквално секој миг, и може да биде пресуден за тоа дали некој ќе се спаси или не.

Спасено куче по 55 часа од ударот на земјотресот      Фото: AA AA

Спасувачите исто така се борат за секој живот, вклучувајќи ги и домашните миленици или уличните животни кои се нашле сред несреќата. Едно куче беше спасено по поминати 55 часа од ударот на силниот земјотрес со магнитуда од 7.7 степени, исто така во Хатај.



TRT Balkan / агенции
Популарни