Минута молк и почит: Годишнина од земјотресите на 6 февруари Туркије оддава почит на жртвите од земјотресите на 6 февруари кои го погодија јужниот дел на државата при што загинаа 53.537 луѓе, а повеќе од 107.000 беа повредени.
Земјотресите со јачина д 7.7 и 7.6 степени погодија 11 турски провинции - Адана, Адијаман, дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахранманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа.
Повеќе од 14 милиони луѓе во Туркије беа погодени од земјотресите, а исто така беа погодени и многумина во Сирија.
Луѓето ширум земјата, вклучително и провинциите погодени од земјотресот, се собраа на комеморативни церемонии, почитувајќи го споменот на оние кои загинаа во катастрофата.
Во 04:17 часот по локално време, во моментот кога се случи земјотресот, беше одржана минута молк за почит за сеќавање на жртвите од „катастрофата на векот“.
Во Антакија луѓето фрлаа цвеќиња во реката Оронтес, позната како реката Аси во Туркије, која тече низ градот.
„Катастрофа на векот“ Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека раните на жртвите од земјотресите ќе бидат залечени.
„Болката од животите што ги загубивме во земјотресите во центарот на Кахраманмараш, што ги доживеавме пред една година, продолжува да ни ги гори срцата како и на првиот ден“, објави Ердоган на мрежата X.
„Таквите големи катастрофи и големи страдања се исто така пресвртни точки каде се тестира силата на единството, солидарноста и братството на народите“, рече Ердоган истакнувајќи дека Туркије се здружи да ја надмине „катастрофата на векот“.
Ердоган, исто така, рече дека владата работи напорно за да ги исполни своите ветувања кон народот, додавајќи: „Ќе продолжиме со овие напори додека не ги изградиме и обновиме нашите градови“.
Подоцна во текот на денот, тој ќе присуствува на церемонијата на клучното предавање на домовите во Кахраманмараш каде ќе се вдомат илјадници преживеани.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, присуствуваше на одбележувањето на годишнината од земјотресите и оние кои ги загубија животите.
„Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите граѓани кои беа погодени“, напиша тој на X, заблагодарувајќи им се на сите пријателски земји кои застанаа на страната на Туркије во тешките моменти.
Фахретин Алтун Директорот за комуникации на Туркије потсети дека земјотресите оставиле неопислива болка во срцата на турскиот народ и додаде дека тој се сеќава на сите 53.537 изгубени животи.
„Господ да ја чува нашата чесна нација и нашата убава земја од секакви катастрофи и опасности“, напиша тој на X.
Изградени нови куќи за погодените од земјотресот Дирекцијата за комуникации на Туркије организираше турнеја во областа погодена од земјотресот во Адијаман за 45 национални и меѓународни новинари.
Гувернерот Осман Варол ги информираше медиумите за тековните напори во градот. Адијаман беше една од 11-те јужни турски провинции погодени од разорните земјотреси на 6 февруари.
„Изгубивме 8.387 наши граѓани во Адијаман и им изразувам сочувство. Кога ќе го погледнеме градежниот фонд на нашата покраина, гледаме дека вкупниот број на згради е 115.067, а бројот на индивидуални единици е 269.116 во рамките на овие згради“.
„Во земјотресите, 33.112 згради во градот беа утврдени како „урнати“, „итно да се урнат“, „тешко оштетени“ и „умерено оштетени“, рече тој.
Италијанскиот новинар Џузепе Дидона за Анадолу изјави дека ги посетиле куќите изградени за жртвите од земјотресот.
„Се надевам дека сите ќе се вратат во својот нормален живот што е можно поскоро. Завршена е прилично брза работа“, рече Дидона.
„Дојдов во регионот Индере претходново септември, тогаш имаше само темели. Сега зградите брзо се градат и јас сум изненаден, се се одвива многу брзо. Им честитам на оние кои придонесоа. Внатре има секој објект за задоволување на потребите на луѓето“, рече тој.