Беа претставени ракотворби подготвени од ученици / Фото: AA

Во турскиот град Адана се одржа изложба со наслов „Газа во моето срце“, на која беа претставени ракотворби подготвени од ученици.

На изложбата, која се одржа во основното училиште „Шехит Јунус Угур“, беа претставени 50 дела изработени со различни техники од членовите на Младинскиот центар „Сејхан“ и од учениците од средното училиште „Киванч Анадолија“.

На отворањето на изложбата на тема „Газа во моето срце“ гувернерот на округот Сејхан, Екрем Инџи, рече дека Израел, прекршувајќи го човечкото и меѓународното право, масакрирал илјадници обесправени луѓе во Палестина.

Обласниот директор за национално образование, Хасан Тевке, истакна дека продолжуваат израелските напади врз цивилите.

По завршувањето на обраќањата се читаа делови од Куранот и молитви за оние што ги загубија животите во Газа.

Посетителите имаа можност да ги погледнат изложените дела изработени од учениците.

AA
Популарни