Новиот тенк „Алтај“ испорачан на тестирање на турските Вооружени сили

Новиот тенк „Алтај“ испорачан на тестирање на турските Вооружени сили

Се работи за унапредена верзија на прототип произведен пред 10 години
Новиот тенк „Алтај“ испорачан на тестирање на турските Вооружени сили / Photo: AA

На Вооружените сили на Туркиjе на тестирање им е испорачан новиот тенк „Алтај“.

Се работи за унапредена верзија на прототип произведен пред 10 години.

На церемонијата на примопредавање во Арифије во турскиот град Сакарја присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Фала му на Бога, во можност сме да ги задоволиме речиси сите наши потреби во областа на копнените возила со домашни и национални можности. Денес сме возбудени што можеме да го испорачаме нашиот тенк од новата генерација „Алтај“, уште еден наш горд проект, на тестирање“, рече Ердоган.

Тој потсети дека безбедносните сили веќе долга низа години напорно работат за да ја задоволат побарувачката за копнените возила кои се користат со домашни и национални средства.

„Успешно произведовме голем број возила. Возилото го ставаме во служба на нашата војска“, рече турскиот претседател Ердоган.

TRT Balkan / агенции
Популарни