Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека досега животот го загубија 29 лица во пожарот што избувна во ноќен клуб сместен во приземјето на 16-катница во истанбулскиот кварт Бешикташ, а три лица се хоспитализирани.
Во повеќекатна зграда избувна пожар за кој сѐ уште не се знае причината. По пријавата, на самото место пристигнале единиците на противпожарната и итната помош и на полицијата. Во гаснењето на пожарот учествуваа 31 противпожарно возило и 86 пожарникари.
Пожарот е изгаснат благодарение на напорите на пожарникарите. Во соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Истанбул се наведува дека пожарот избувнал во 12:47 часот по локално време во ноќен клуб кој се наоѓал на -1 и -2 катови од 16-катната зграда во населбата Гајреттепе.
Пожарот избувнал како резултат на реновирање на ноќниот клуб, иако не се наведува точната причина.
„Пожарот е изгаснат благодарение на интервенцијата на пожарникарските единици. Животот го загубија 29 лица. Хоспитализирани се 3 лица со тешки повреди“, објави канцеларијата на истанбулскиот гувернер.