ПКК врши терористичка пропаганда и трговија со дрога     Фото: TRT World

Безбедносните сили и разузнавачките служби продолжуваат со борбата против терористичката организација ПКК на социјални мрежи.

Во тој контекст, во рамките на истрагата за социјалните медиуми на ПКК/КЏК следени се пропагандните и дезинформациските активности на терористичката организација против Туркије.

Откриени се профили кои се вмешани во кампањи организирани со ознаки на ПКК, а вршеа терористичка пропаганда и произведуваа лажни содржини против Туркије.

Исто така се утврдени прифили кои покренувале кампањи на ПКК на социјални мрежи, објавувале постови со содржини на пропаганда на терористичката организација во меѓусебната интеракција, повикувале на следење на профили кои ја поддржувале оваа организација и кои овозможиле координација помеѓу профилите на организацијата на ПКК.

Во анализата е откриено дека корисниците на профили кои вршеле пропаганда на ПКК под лажни имиња на социјални мрежи имале криминални досиеа во врска со трговијата со дрога.

Утврдено е дека профилот „@JIYANZAGROS_21", кој има активна улога на социјалните медиуми на терористичката организација ПКК, ѝ припаѓа на Зелиха Ертурк, која има евиденција за кривични дела како што е „основање организација со цел вршење кривични дела“ и „трговија и снабдување со дрога или опојни средства“.

Утврдено е дека Зелиха Ертурк живее во градот Амерсфорт во Холандија, каде заминала илегално.

Нејзините роднини исто така имаат досие за тероризам

Зелиха Ертурк, корисничка на профилот за пропаганда на ПКК/КЏК и членови на нејзиното семејство исто така имаат поголемо криминално досие, првенсвено за тероризмот и трговија со дрога.

Се испостави дека членовите на семејството на Ертурк, кои се фатени за време на транспортот на дрога, посебно во европските земји преку Туркије, добиле вкупно 28 години и 4 месеци затвор.

Рамазан Кутлу, синот на Зелиха Ертурк, осуден е на 4 години и 2 месеци затвор поради „извоз на дрога и опојни средства“ во 2009 година.

Братот на Зелиха Ертурк, Мехмет Ертурк, исто така е уапсен со околу 52 килограми хероин запленет во текот на операцијата на пристаништето Мерсин во 2008 година, кога требало да биде испратен во Холандија и осуден е на 12 години и 6 месеци затвор.

Втората сестра на Зелиха Ертурк, Бео Ертурк, која исто така има досие за члество во ПКК/КЏК, исто така има кривично досие за „увоз на дрога од странство“ во случај на заплена на 204.440 екстази на аеродромот Ататурк во 2003 година.

Утврдено е исто така дека останатите браќа на Зелиха Ертурк, Ајтач Ертурк е осуден на 3 години и 4 месеци, додека Ајфер Артурк е осуден на 3 години и 4 месеци за разни кривични дела поврзани со дрога.

TRT Balkan
Популарни