Во операциите на Националната разузнавачка организација на Туркије (МИТ) и полицијата, на подрачјето на 18 градови беа откриени ќелии на терористичката организација ПКК, при што беа уапсени речиси 90 лица.
Според достапните информации, како резултат на десетмесечната акција на МИТ во северен Ирак, Сирија и Туркије за откривање и уништување на таканаречената воено разузнавачка структура на терористичката организација, осомничени за кои е утврдено дека дејствувале во име на организацијата беа внимателно следени.
Операциите беа истовремено спроведени во Шанлиурфа, Истанбул, Анталија, Адана, Бурса, Дијарбакир, Газиантеп, Мардин, Мерсин, Денизли, Коња, Кајсери, Батман, Испарта, Баликесир, Ширнак, Коџаели и Амасија.
Наведено е дека досега во рамките на акцијата се приведени близу 90 лица.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека до 8:30 часот по локално време се започнати 466 антитерористички операции низ целата земја, со учество на 13.440 полицајци.
На социјалните мрежи, Јерликаја објави дека 12 осомничени членови на терористичката организација биле фатени во Мерсин, Ван, Шанлиурфа, Мардин и Ајдин во рамки на операцијата „Херои“ против терористичката организација ПКК.