Туркије ја одбележува 99-годишнината од прогласувањето на Републиката.
Денот се одбележува низ целата земја со различни настани. Делегација предводена од претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, претходно денес го посети Антикабир, мавзолејот на основачот на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.
На бројни церемонии учествуваа турски војници и командоси, додека на други присутните граѓани можеа да уживаат во изведбите на локалните фолклорни групи.
Републиката официјално ја прогласи нејзиниот основач и прв претседател Мустафа Кемал Ататурк во 1923 година.
На тој ден беше прогласено новото име на нацијата и нејзиниот статус како република.
По декларацијата и гласањето во Големото национално собрание на Туркије, Ататурк беше едногласно избран за прв претседател на новата република.