Светски самит и саем на халал економијата во Истанбул / Photo: AA

Во Истанбул денес започна 8. Светски самит на халал стопанството и 9. Саем халал експо на Организацијата за исламска соработка (ОИС) кој ги собира претставниците на халал економијата.

Настанот е организиран во соработка со Исламскиот центар за развој на трговијата (ICDT) и Институтот за стандарди на исламските земји (SMIIC). На отворањето присуствуваше и турскиот министер за трезор и финансии Нуредин Небати.

Собирот се одржува под покровителство на Претседателството на Туркије, а оваа година се одржува под мотото „За одржлива трговија: Истражете го развојот на глобалната халал индустрија со сите нејзини аспекти“.

На учесниците на почетокот им е прочитана и пораката која ја упати турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Халал пазарот, кој со своите чисти, здрави, доверливи производи и услуги доби на важноста во глобалното конкурентско опкружување, стана сектор кој не го преферираат само муслиманите, туку и сите групи на потрошувачи. Нека бидат продуктивни самитот и саемот кои ги организираме за да Туркије стане централна земја во халал економијата, како и за развој на халал трговијата и за отворањето на новите пазари. Им честитам на сите кои придонесоа во организацијата на Светскиот самит на халал стопанство и 9. ОИС Халал Експо, кој ќе ги собере сите светски производители на халал економијата“, порача турскиот претседател Ердоган.

TRT Balkan / агенции
Популарни