Туркиш ерлајнс ги објави најновите податоци за бројот на патници во текот на минатата година во која достигна најголем број на сите времиња, односно 83,4 милиони.
Во 2023 година вкупниот број патници е зголемен за 10,1 отсто, односно 6.1 милион, во однос на истиот период во 2022 година.
Пополнетоста на авионите на Туркиш ерлајнс на меѓународните летови изнесуваше 80 отсто, а на домашните летови 78 отсто.
Бројот на патници на меѓународните линии во декември 2022 година изнесуваше 2,2 милиони, а во истиот период во 2023 година е зголемен за 19 отсто на 2,6 милиони.
Обемот на превезениот товар и пошта во декември 2022 година изнесуваше 137,9 илјади тони, а минатиот месец е зголемен за 15,8 отсто на 159,7 илјади тони.
Во соопштението се наведува дека бројот на превезени патници во периодот јануари - декември минатата година е зголемен за 16,1 отсто во однос на 2022 година, односно изнесува 83,4 милиони, што е најголем број патници на оваа авиокомпанија на сите времиња.
Бројот на патници на меѓународните линии во периодот јануари - декември 2022 година изнесуваше 23,4 милиони, а во истиот период во 2023 година е зголемен за 27,1 отсто на 29,8 милиони.
Вкупната пополнетост со патници порасна за 1,9 отсто во однос на истиот период во 2022 година и достигна 82,6 отсто.
Обемот на превезениот товар и пошта во 2022 година изнесуваше 1,68 милиони тони, а во 2023 година е намален за 1,2 отсто на 1,66 милиони.
Во соопштението се наведува дека бројот на авиони во флотата на Туркиш ерлајнс е зголемен на 440.