Аеродромот „Истанбул“ на врвот на Европа во јуни     Фото: АА

Аеродромот „Истанбул“ е на прво место меѓу европските аеродроми со превезени 5.996.000 патници во јуни годинава. Советот за аеродроми во Европа (ACI Europe) го објави извештајот за воздушниот сообраќај за вториот квартал од оваа година.

Според извештајот, патничкиот сообраќај на аеродромите во Европа е зголемен за 247 отсто во првите шест месеци од 2022 година во споредба со истиот период од претходната година, додека аеродромот „Истанбул“ покажа најдобро закрепнување во споредба со 2019 година.

Аеродромот во Истанбул, како што пишува во извештајот, во јуни го зголемил бројот на патници за 115,4 отсто во однос на истиот период од претходната година.

По аеродромот „Истанбул“ следуваат аеродромите во Лондон, Париз, Амстердам, Франкфурт, Мадрид и Барселона. Од друга страна, аеродромот во Анталија се најде на осмото место на листата со 3.911.000 патници.

AA
Популарни