Срушен рекордот за туристички посети на Истанбул / Фото: AA

Турската метропола Истанбул пречека 1.87 милиони туристи во јули, што е рекорден број посетители во последните десет години.

Бројот на странски туристи кои го посетиле Истанбул се зголемил за 6% на годишно ниво во јули, откриваат податоците на Дирекцијата за култура и туризам на Истанбул.

Околу 1.82 милиони посетители дошле во градот со авион, а 49.681 допатувале со брод.

Русите се најбројни странски туристи кои во јули го посетиле Истанбул. Од Русија пристигнале 185.636 туристи, од Германија 135.568 туристи, додека пак од Саудска Арабија бројот на туристи изнесува 135.041.

Туристите од други големи земји ги вклучуваат САД, Иран, Франција, Обединето Кралство, Ирак, Кувајт и Холандија.

Турската метропола ја посетиле и 9,77 милиони странски туристи во првите седум месеци од 2023 година, што е зголемување за 15% на годишно ниво.

Еден од секој трет странски турист кој ја посетил Туркије, дошол во Истанбул во првите седум месеци од годинава.

TRT World
Популарни