Аеродромот „Истанбул“ го посетиле 268.275 патници вчера (недела), соборувајќи го минатогодишниот рекорд по број на патници во еден ден, изјави денес турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу.
Уралоглу рече дека на 30 јуни, последниот ден од месецот, 205.721 патник пристигнале на аеродромот со меѓународни летови и 62.554 други со домашни летови.
„Оваа бројка е забележана како најголем број патници на сите времиња од отворањето на аеродромот 'Истанбул'“, рече Уралоглу.
Министерот извести дека вкупниот сообраќај на авиони вчера бил 1.592, со 1.214 меѓународни летови и 378 домашни летови.
Уралоглу напомена дека претходниот рекорд е поставен на 2 јули 2023 година со 265.961 патник.
„Аеродромот 'Истанбул' секој ден соборува нов рекорд како доказ за неговата важност во светот како најзначаен центар за воздушно патување во светот и ние сме горди на неговиот зголемен успех“, додаде министерот.