Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го пречека грузискиот премиер Иракли Гарибашвили во главниот град Анкара на разговори.
„Ердоган и Гарибашвили одржаа состанок зад затворени врати во претседателскиот комплекс“, соопшти турското Претседателство.
Состанокот се реализира по двата силни земјотреси кои ја погодија јужна Туркије на 6 февруари, одземајќи ги животите на над 43.500 луѓе.
Туркије прими сочувство од секаде низ светот, при што многу земји испратија спасувачки тимови и помош.
TRT Balkan / агенции