Фидан: Одгвоорот на турските вооружени сили на терористичкиот напад во Анкара ќе биде исклучително јасен / Photo: AA

Двајца учесници во терористичкиот напад во неделата во Анкара пристигнале од Сирија изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Шефот на турската дипломатија во Анкара се сретна со министерот за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Тахсин Ероглу. На прес-конференцијата се осврна и на терористичкиот напад во близина на зградата на министерствот за внатрешни работи во турската престолнина во кој двајца членови на Турските безбедносни сили се ранети.

„Како резултат на работата на нашите разузнавачки и безбедносни сили, стана јасно дека двајцата терористи дошле од Сирија, каде што биле обучени, Сите инфраструктурни и енергетски објекти, особено во Ирак и Сирија, кои припаѓаат на ПКК/ЈПГ сега се легитимна цел на нашите безбедносни сили, вооружени сили и разузнавачки служби. Препорачувам трети страни да се држат настрана од објектите и поединци на ПКК/ЈПГ", рече Фидан.

Нагласувајќи дека одговорот на турските вооружени сили на терористичкиот напад во Анкара ќе биде исклучително јасен, Фидан рече дека ќе зажалат што извршиле таква акција.

TRT Balkan / агенции
Популарни