Уапсените сакале да извршат напад на различни плоштади, особено на Таксим за време на прославите на Денот на трудот и солидарноста

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во акцијата „Буздоган 32“ во Истанбул се приведени осум осомничени за подготовка на терористички напад во име на терористичката група ДАЕШ.

Тој на платформата Х изјави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.

Според неговите зборови, во истанбулскиот кварт Бејкоз биле приведени К.А. (29) и М.Х.(25), а потоа уште 6 лица за кои е утврдено дека се поврзани со нив.

Утврдено е дека К.А., член на сириската национална организација со кодно име „Абас Иса“, активно учествувал во ДАЕШ до 2016 година, а по овој датум илегално влегол во земјата преку Хатај и дошол во Истанбул во 2020 година. К.А., за кој е утврдено дека бил во минофрлачката единица на организацијата и добил обука за изработка на бомби, исто така служел во таканаречената единица за полнење и чистење муниција заедно со водачот на ДАЕШ по име Абу Омер и бил обучен под раководството на ДАЕШ.

Утврдено е дека осомничениот М.Х., авганистански државјанин, во јануари дошол во Истанбул откако илегално влегол во земјата преку Иран.

Утврдено е и дека осомничените произведувале експлозиви со хемикалии кои се користат за правење бомби и сакале да извршат напад на различни плоштади, особено на Таксим, за време на прославите на 1 мај Денот на трудот и солидарноста.

Осомничени се уште се во постапка во полициска станица.

Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со ДАЕШ.

AA
Популарни