Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара ја претстави визијата „Векот на Туркије“     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека со визијата „Векот на Туркије“ сакаат силно да го започнат новиот век на Републиката и тоа во момент кога светот се соочува со витални предизвици.

Во спортска сала во Анкара, на претставувањето на визијата „Векот на Туркије“, која е нов документ на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија), Ердоган истакна дека Туркије наредната година одбележува јубилејни 100 години од основањето на Републиката и потсети на сите напади кои турскиот народ ги претрпе низ долгото присуство на тлото на Анадолија.

„Како АК Партија презедовме одговорност во Туркије во ноември 2002 година со наклонетоста на нашиот народ. Секако, имаше добри дела кои се покренати во првите 80 години од нашата Република, но она каде бевме е далеку под она што требаше да бидеме. Со ова разбирање, во изминатите 20 години, ние решително и неуморно работевме на развојот, јакнењето и збогатувањето на секое поле“, рече Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган рече дека Туркије во изминатите две децении напавила голем прогрес во демократијата, економијата и предизвикала восхит од целиот свет со своите мегапроекти во сите области, а особено во инфраструктурата и одбранбената индустрија.

Истакнувајќи дека светот се соочува со големи предизвици, Ердоган рече дека со новиот документ на визијата „Векот на Туркије“, таа земја сака силно да го започне новиот век на Републиката. Додаде дека сржта на таа визија е домашно производство и развој.

„Донесување на новиот устав, производ на националната волја, е еден од првите цели на нашата визија „Векот на Туркије“ “, рече Ердоган и додаде дека раководството на земјата е одлучно да подготви нацрт на нов устав на начин кој одговара на визијата и да го имплементира со одобрување на парламентот и нацијата.

Ердоган најави продолжување на прогресот и развојот на Туркије врз основа на направеното во изминатите две децении и она што таа земја ја наметнало како важен глобален актер.

„Со визијата „Векот на Туркије“ нашата земја ќе ја направиме една од 10 најголеми држави во светот во сите области на политиката, економијата, технологијата, војската и дипломатијата“, рече Ердоган.

Турскиот претседател рече дека визијата „Векот на Туркије“ претставува визија на младите, развојот, домашното производство, технологијата, јакнењето на демократијата и позицијата на земјата во светот.

„Со целото човештво ја споделуваме веста дека „Векот на Туркије“ воедно е и назицот на револуцијата која ќе донесе демократија, развој, мир и просперитет во сите делови на светот“, порача Ердоган.

Тон рече дека визијата донесува политика на единство наместо политика на идентитет, политика на интеграција наместо поларизација.

Најавувајќи скорешна експлоатација на новооткриен турски гас во Црното море, Ердоган рече дека во добра насока се одвиваат преговорите со Русија за Туркије да стане центар за дистрибуција на рускиот гас.

„Ќе направиме прописи кои ќе го гарантираат правото, законот и иднината на секој поединец, без било каква дискриминација, особено поради потекло и верување… Ќе продолжиме со нови проекти за Туркије, каде сите наши луѓе со доверба ќе гледаат во иднина“, рече Ердоган.

Нагласувајќи дека Туркије е земја која со воспоставување на однос со сите страни и конкретно придонесува кон решавањето на кризите во регионот, Ердоган рече дека со антитерористичките операции таа земја спречила формирање на терористички коридор долж нејзината граница со Сирија.

„Туркије обезбеди доброволно враќање на околу 530.000 луѓе во безбедните зони во Сирија“, рече Ердоган.

TRT Balkan / агенции
Популарни