Во турската метропола Истанбул во тек е Саем на одбранбена и воздухопловна индустрија САХА ЕКСПО, на кој првпат е претставена муницијата „Каји“, систем кој може да се користи во различни летала на турската одбранбена индустрија со или без посада.
Институтот за истражување и развој на одбранбената индустрија ТУБИТАК САГЕ првпат го претстави системот „Каји“, турски производ кој може да се користи во широк спектар на авиоплатформите со човечка/беспилотна посада со своите карактеристики и асортиман на производи во класа на муницијата од слободен пад.
Муницијата „Каји“ може да се користи во противпешадиски, оклопни или термобарични боеви глави.
Системот на оружје, заедно со модуларниот мулти-реил систем специјално дизајниран за овој вид муниција има можност на брза и флексибилна интеграција во различни платформи.
Директорот на Институтот ТУБИТАК САГЕ, Ѓурчан Окумуш, рече дека како САХА ЕКСПО зад себе има еден успешен пат и дека станува бренд.
На прашањето за муницијата „Каји“ која првпат е претставена на саемот, Окумуш потсети дека Туркије направи сериозен напредок во областа на беспилотните летала.
„Почнавме да продаваме многу беспилотни летала во светот, што е многу важно. Затоа, каде и да отидат нашите беспилотни летала важен е и пазарот на муниција. Сметаме дека „Каји“ ја пополнува празнината со своите карактеристики од средба категорија. Постојат различни верзии, од 30 и 50 килограми“, појасни Окумуш.
Саемот кој се одржува во Истанбул Експо Центарот собира бројни компании од Туркије и други држави во областа на одбраната, авијацијата и вселенската индустрија.
Ова е настан на кој се презентираат најновите системи и производи на компаниите од одбранбен и воздухопловен сектор, вклучувајќи беспилотни летала, хеликоптери, авиони, оклопни возила, оружје, ракети, муниција, воени бродови, тенкови, комуникациски уреди, опрема за кибер безбедност, како и развој на софтвер и хардвер.
На САХА ЕКСПО учествуваат бројни одбранбени компании, вклучувајќи ги турските одбранбени гиганти Аселсан, Хавелсан, Бајкар, домашниот произведувач на мотори Ерин Мотор, компанијата за хидрауличните машини Хидроан, произведувач на антени Нета, добавувач на батерии Бириким и произведувач на софтвери Битес.
Посетителите имаат можност да видат бројни нови производи во областа на одбраната и авијацијата, вклучувајќи го и турското беспилотно летало „Дели Камиказе УАВ“.
На САХА ЕКСПО исто така учествуваат највисоки функционери на влади и војски од десетици земји и странски посетители од 57 држави, вклучувајќи премиери, министри, воени команданти, заменик министри и советници.
САХА ЕКСПО е еден од најзначајните сајмови на одбранбената, воздухопловната и вселенската индустрија во светот.