Рускиот обвинител денес побара 18 години затвор за американскиот новинар Еван Гершковиќ, кој е обвинет за шпионажа во Русија.
Обвинителот го завршил изнесувањето на своите аргументи во случајот за шпионажа против новинарот на „Волстрит журнал“, Гершкович, и побарал од Окружниот суд во Свердловск во Екатеринбург да го осуди на 18 години затвор со висок степен на безбедност, соопшти прес-службата на судот.
Пресудата се очекува подоцна во текот на денот.
„Судењето на новинарот на Волстрит журнал, Еван Гершкович, обвинет за шпионажа, влезе во завршна фаза. Судот го прегледа целиот материјал на случајот, ги испита сведцоците и обвинетиот, ги сослуша аргументите и конечната изјава на обвинетиот“, наведе прес-службата.
Еван Гершкович беше приведен во Русија во март 2023 година под обвинение за шпионажа. Федералната служба за безбедност го обвини дека собира државни тајни за воено-индустриски комплекс.
Гершкович и „Волстрит журнал“ ги негираат обвинувањата, тврдејќи дека тој едноставно ги извршувал своите новинарски обврски.