Влезот на поголеми количини хуманитарна помош е предвидено да продолжи и во наредните часови / Photo: AA

Вкупно 200 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа вчера преку египетскиот граничен премин Рафа за време на хуманитарната пауза меѓу Израел и палестинската група Хамас, јавува Анадолу.

Помошта вклучува четири камиони со гориво и други камиони кои носат вода, храна и лекови, изјави за Анадолу, Ваел Абу Мохсен, медиумскиот директор на преминот Рафа.

„Влезот на поголеми количини хуманитарна помош е предвидено да продолжи и во наредните часови“, додаде тој.

Катар доцна во понеделникот објави договор за продолжување на почетната четиридневна хуманитарна пауза во борбите меѓу Израел и Хамас за дополнителни два дена, според кој ќе се врши понатамошна размена на затвореници и ќе има повеќе можности за доставување помош.

Израел започна голема воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во израелските напади загинаа 15.000 луѓе, од кои 6.150 деца и 4.000 жени, според здравствените власти во енклавата.

Бројот на загинати во Израел, според официјалните податоци, изнесува 1.200.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати