Светот продолжува да живее во две различни реалности, каде што радостите на западните земји се во голем контраст со болката и страдањето предизвикани од војната во Газа и Либан.
2024 година беше обележана со конфликти, војни и хуманитарни кризи во најголемиот дел од светот.
Додека во Појасот Газа и Либан секојдневно страдаат луѓе, меѓу кои и многу деца, во другиот дел од светот животот продолжува како и обично – со прослави на празници, филмски фестивали и спортски успеси.
Тимот на Анадолу подготви галерија со фотографии и преку хронолошките настани во текот на 2024 година ја раскажува оваа приказна, која ја открива таквата контрадикција.
Јануари 2024
На една од фотографиите, направена на 1 јануари 2024 година, се гледа огномет кој го осветлува Лондонското око над реката Темза, за прославата на Новата година во Велика Британија.
Во потполн контраст, на фотографијата од десната страна, направена на 20 јануари 2024 година, се гледаат ракетите испукани од израелските сили кои ја осветлуваат ноќта над Деир ал-Балах во Газа.
Февруари 2024
На фотографијата направена на 14 февруари оваа година во Москва, по повод Денот на вљубените, се гледаат повеќе од 55.000 балони пуштени во воздух.
На фотографијата од десната страна, направена на 29 февруари 2024 година, се гледаат палестинските деца кои бараат засолниште во регионот Тел ал-Султан поради израелските напади, украсувајќи ги своите шатори со рамазански лампиони и светла како подготовка за Рамазан, светиот месец за муслиманите.
Март 2024
На фотографијата од 26 март 2024 година е прикажан американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис со насмевки на лицата.
Од десната страна е фотографија од 21 март, каде Палестинката по име Нужа Авду во своите раце ги држи своите три деца, а на нејзиното лице се забележува болката од загубата на домот во израелските напади.
Април 2024
На фотографијата од 14 април навивачите на Баер Леверкузен ја слават својата прва титула во Бундеслигата.
На фотографијата до неа е жена која тагува, опкружена со луѓе околу уништената болница Ал-Шифа, откако израелските сили се повлекле од ова подрачје во Газа.
Мај 2024
Фотографијата од 25 мај 2024 година го прикажува среќниот момент на индиската режисерка Пајал Кападија, која позира со наградата за филмот „Сè што замислуваме како светлина“ на Канскиот филмски фестивал.
Од другата страна, на фотографијата од 21 мај, дете со повредена рака лежи во болницата Ал-Акса, каде се носат ранетите Палестинци по нападот на бегалскиот камп Бурејџ, во Деир ал Балах во Газа.
Јуни 2024
Фотографијата од левата страна, направена на 13 јуни 2024 година, ја прикажува италијанската премиерка Џорџа Мелони како го пречекува американскиот претседател Џо Бајден на 50-тиот самит на Г7, кој ги собира седумте најголеми индустриски економии во светот, во Бриндизи, во италијанска Апулија.
Спротивно на тоа, фотографијата од 14 јуни 2024 година десно покажува Палестинци кои излегуваат од урнатините, покриени со прав, по израелскиот напад врз домот на семејството Абу Ајша во Деир ал-Балах, Газа.
Јули 2024
На фотографијата од 14 јули 2024 година, фудбалерите на Шпанија ја слават победата во финалето на УЕФА ЕВРО 2024 во Берлин.
Од десната страна, фотографијата од 16 јули прикажува Палестинка која тагува заедно со повредено дете откако израелските воени авиони го погодиле училиштето на УНРВА во бегалскиот камп Нусејрат во Деир ал-Балах, во централниот дел на Појасот Газа.
Август 2024
Фотографијата од 11 август ги прикажува Стеф Кари и Леброн Џејмс како ја слават победата над Франција во кошаркарскиот натпревар за првото место на петнаесеттиот ден од Олимписките игри во Париз 2024 година.
Спротивно на тоа, на фотографијата од десната страна, од 10 август 2024 година, е прикажана Палестинка која тагува над тело завиткано во ќебе во болницата Ал Акса по израелскиот напад на бегалскиот камп Нусејрат во Деир ал Балах.
Септември 2024
На 12 септември, моден дизајнер претставува креација на Агата Руиз де ла Прада во Мадрид на Неделата на модата.
Во остар контраст, на фоторафијата од 28 септември Палестинка тагува за својот сопруг, убиен во израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат.
Октомври 2024
Фотографијата од 19 октомври година ја прикажува куќата Вајтсоун, украсена со костури, духови, чудовишта и други украси по повод прославата на Ноќта на вештерките во Бруклин, Њујорк.
Во потполн контраст, на фотографијата направена на 30 октомври, е прикажана млада Либанка во нејзиниот разурнат дом при нападот на израелската Армија претходниот дел во либански Сидон.
Ноември 2024
На фотографијата од 15 ноември е боксерската борба на Мајк Тајсон и Џејк Пол, проследена од 80.000 гледачи.
На десната страна, фотографијата од 27 ноември покажува редица луѓе пред пекарница во Газа, каде поради блокадата има недостиг од храна.
Декември 2024
Фотографијата направена на 15 декември го прикажува актерот Б. Џ. Аверел облечен во костим на Дедо Мраз, кој позира со две бебиња на настан на кој се подготвуваат подароци за Божиќ во Калифорнија.
Од другата страна, две палестински деца стојат пред урнатините на својот дом во Бурејџ, во Појасот Газа.
Додека едниот дел од светот ја слави радоста и прогресот, другиот страда од неподносливи трагедии.
Овие фотографии ја отсликуваат нерамнотежата и ја повикуваат светската совест кон акција.