Абас истакна дека ова е „континуирана израелска агресија врз палестинскиот народ на северниот дел на Западниот Брег“ / Photo: AA

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) поради израелската воена операција на Западниот Брег.

Абас истакна дека ова е „континуирана израелска агресија врз палестинскиот народ на северниот дел на Западниот Брег“, каде што израелските сили наводно спроведуваат голема антитерористичка операција.

Палестинската новинска агенција Вафа објави дека Абас испратил барање до Советот за безбедност на ОН да го запре „систематското уништување на инфраструктурата“ што Израел го врши во градовите Џенин, Тулкарем, Тамун и Тубас на Западниот Брег, со спроведување на политиката на убивање што ја применуваат Израелците за време на нивната операција.

Абас ги повика американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација да интервенираат и да ги принудат израелските сили да ги прекинат своите операции на Западниот Брег.

TRT Balkan
Популарни