Аџемоглу, Џонсон и Робинсон добитници на Нобеловата награда за економија / Photo: AA

Дарон Аџемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон ја добија Нобеловата награда за економија за 2024 година за нивната работа на тема „Формирање на институции и нивните ефекти врз просперитетот“.

На прес-конференцијата што се одржа во Кралската шведска академија на науките беше објавено дека добитници на Нобеловата награда за економија за 2024 година се турскиот проф. д-р Дарон Аџемоглу и британските професори д-р Сајмон Џонсон и д-р Џејмс Робинсон за трудот „Формирање на институции и нивните ефекти врз просперитетот“.

Нобеловата награда за економија во 2023 година ја доби американската професорка Клаудија Голдин од Универзитетот Харвард за нејзината работа на темата „Местото на жените во работната сила“.

Нобелова награда

Наградите ги доделува Фондацијата Нобел, основана на 9 јуни 1900 година, по смртта на Швеѓанецот Алфред Нобел, со цел да им се доделат на оние што му служат на човештвото. Нобеловата награда се смета за најпрестижна награда во светот.

Нобеловата награда им се доделува на поединци или организации што се сметаат за најуспешни во пет области: физика, хемија, литература, мир и медицина, од страна на Кралската шведска академија на науките, Шведската академија, Институтот Каролинска и Норвешкиот комитет Нобел.

Нобеловата награда за економија првпат беше доделена во 1969 година, кога Шведската централна банка во 1968 година одлучи во спомен на Алфред Нобел да се доделува награда и за економија.

Нобеловите награди се доделуваат на церемонија што се одржува секоја година на 10 декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел.

Од почетокот на доделувањето на оваа престижна награда во 1901 година, неколкупати наградите не биле доделени. Повеќето од откажувањата на доделувањето на наградите, вкупно 49, се случиле за време на Првата и Втората светска војна.

Церемонијата на доделување не се одржа ниту во 2020 и 2021 година поради епидемијата на КОВИД-19.

TRT Balkan / агенции
Популарни