Алармантна состојба поради ризик од пожари во јужниот дел на Франција

Алармантна состојба поради ризик од пожари во јужниот дел на Франција

Француските власти велат дека 9 од 10 пожари во земјата се предизвикани од човечки фактор
Алармантна состојба поради ризик од пожари во јужниот дел на Франција / Photo: AA

Франција премина во алармантна состојба поради високиот ризик од пожари во повеќе подрачја во јужниот дел на земјата.

Според Метеоролошката служба на земјата, Буш-ду-Рон, Суд-Ест, Вар и Воклус се очекува да бидат погодени од големи горештини.

Во Буш-ду-Рон е издаден црвен аларм поради преголемиот ризик од пожари, а во три подрачја во Суд-Ест е даден портокалов аларм поради ризик од шумски пожари.

Во Вар и Воклус е упатен апел да се внимава поради можни пожари.

Од јуни досега во Буш-ду-Рон веќе вторпат е даден црвен аларм, а пет шумски зони во Вар и во Воклус се затворени за туристички посети.

Француските власти велат дека 9 од 10 пожари во земјата се предизвикани од човечки фактор.

TRT Balkan / агенции
Популарни