Високиот претставник на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации (ОН) недвосмислено го осуди палењето на Куранот во Шведска.
„Таков гнасен чин е непочитување кон муслиманите што го слават светиот празник Курбан бајрам - празник на жртвувањето“, изјави Мигел Анхел Моратинос шефот на УНАОЦ.
Моратинос ја повтори важноста од поддржувањето на слободата на изразување како основно човеково право, но додаде дека „сквернавењето на светите книги и местата за богослужба, како и верските симболи е неприфатливо и може да доведе до поттикнување насилство“.
Лицето идентификувано како Салван Момика во средата запалило примерок од муслиманската света книга под полициска заштита пред една џамија во Стокхолм.
Провокативниот чин на екстремистот беше темпиран да се совпадне со Курбан Бајрам, еден од најголемите исламски верски празници што го слават муслиманите низ светот.
Актот предизвика голема осуда од исламскиот свет, вклучувајќи ги Туркије, Јордан, Палестина, Саудиска Арабија, Мароко, Ирак, Иран, Пакистан, Сенегал и Мавританија.