Зошто Ноќта на Кадр е најсветлиот настан во исламот?

Лејлетул-кадр е најважната ноќ во исламот, во која божјиот пратеник Мухамед ги прими првите ајети (стихови) од Куранот.

Оваа ноќ е можност за муслиманите и да се подготват за наредната година - размислувајќи за своите постапки и дела од претходната.

„Ноќта на Кадр ја одбележува ноќта во која божјиот пратеник Мухамед првпат ја примил објавата, претворајќи го од обичен Меканец во Арабија во пратеник на целото човештво. Ова бил знаачаен настан во историјата на човештовото“, вели за ТРТ Ворлд Усама ал-Азами, британско-муслимански академик и предавач на соверемени исламски студии на Оксфорд.

Ноќта на судбината

Освен првото искуство на божјиот пратеник Мухамед со куранските ајети (стихови), ноќта на Кадр има и други значајни карактеристики.

„Тоа е ноќта во која, според Куранот, се одредуваат судбините на луѓето за наредната година. Тоа е ноќта од голема важност во која наградата за посветеноста на Господ се умножува и поради тоа големата посветеност силно се поттикнува“ вели Азами.

„Ноќта исто така се спомнува на почетокот на 44. суре (поглавје) во Куранот како ноќ во која Бог ги одредува сите настани секоја година“, додава професорот од Оксфорд.

Нарекувана е Ноќта на судбината бидејќи тоа бил почетокот на службата на божјиот пратеник, која ја сменила човековата историја, и специфичен период кога судбините на сите луѓе биле одредени.

Поради сите овие причини, ноќта на Кадр има неспоредлива вредност со било кој друг период во било која година, според Куранот.

„Навистина, Ние почнавме да го објавуваме во ноќта на Кадр!

А што мислиш ти, што е ноќта на Кадр?

Ноќта Кадр е подобра од илјада месеци!

Мелеците (ангелите) и духот, со дозвола на својот Господар, во неа се симнуваат поради секоја одлука. Спасот е во неа сѐ додека не се раздени!“, вели сурата Ал-Кадр (97. поглавје) кое е посветено на важноста на оваа ноќ.

Според Азами, ова поглавје исто така укажува дека во ноќта на Кадр се објавени не само неколку ајети туку целиот Куран.

„Тоа исто така е ноќта во која Бог го објавил Куранот како целина до најниските небеса, после што постепено, отприлика 20 години, му е објавен на божјиот пратеник, во согласност со потребите на заедницата“, вели тој.

TRT World
Популарни