Илјадници муслимани во Њујорк синоќа го пречекаа муслиманскиот месец на постот Рамазан.
Собрани на Тајмс сквер тие ја извршија својата прва терави молитва, посебна вечерна молитва за време на Рамазан.
Потоа тие упатија молитви за Газа, која е под израелски напади повеќе од пет месеци.
Одделно, муслимански верници се собраа за терави молитвата и во Американскиот верски центар, кој е оддалечен половина час од главниот град Вашингтон.
Дворот и градината на џамијата, дел од центарот, беше преполна за време на молитвата.
AA